2win800x200

Во четврток започнува петтиот Пијанофест во Битола

Јуни 07, 2023

Во четврток на 8 јуни со почеток од 19 часот во КИЦ - Офицерскиот дом во Битола со свечен концерт ќе започне Меѓународниот натпревар Пијанофест 2023. На концертот ќе настапи минатогодишниот лауреат на Пијанофест 2022, Лара Арбајтер од Србија, како и Маргарита Вујовиќ на пијано и Анастасија Холц - сопран, исто така од Србија. Натпреварувачкиот дел ќе започне на 9 јуни и ќе трае до 11 истиот месец. Оваа година Пијанофест освен дисциплината пијано и пијано четирирачно, збогатен е со уште една дисциплина - соло пеење. И во двете дисциплини учесниците се поделени во категории од 6 години па нагоре, според возраста и тоа во 8 категории во дисциплината пијано и 6 категории во категоријата соло пеење.

Натпреварувачите ќе ги оценува меѓународна жири комисија во состав: Маргарита Вујовиќ (Србија/Русија), Мирела Туше Вонгли (Албанија) и Катерина Кетковиќ Фидановска - пијано и соло пеење: Анастасија Холц (Србија), Маја Митровска (Македонија), Александра Коцевска (Македонија).

Усшешноста на овој натпревар кој по јубилеен, петти пат се одржува во Битола, може да се види по заинтересираноста за учеството на истиот. Имено, оваа година ќе настапат 120 натпреварувачи од 8 земји: Србија, Македонија, Албанија, Ермениа, Косово, Полска, Хрватска и Бугарија.

Организатор на натпреварот Пијанофест 2023 е Здружението на пијанисти и музички педагози „Пијано“ од Битола, а се реализира под покровителство на Министерството за култура на Македонија и Општина Битола, а поддржувачи на натпреварот се КИЦ - Офицерски дом  - Битола и Државното музичко училиште од Битола.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани