2win800x200

Во волонтерска акција На Тумбе кафе се рециклираше пластика преку креирање скулптури од отпад

Јуни 28, 2023

Просторот кој има потенцијал за одржување на културни и уметнички настани да го зачуваме чист и да ја подигнеме свеста за рециклирањето

 

Волонтерската акција „И тумбе и кафе и сцена за градот“, се одржа на 27 јуни 2023, на Летната сцена на „Тумбе кафе“ ‒ Битола. Акцијата вклучуваше симулирана потрага по отпад којшто волонтерите на Локалниот волонтерски сервис ‒ Битола го искористија за уметнички да се изразат и да ја рециклираат пластиката преку креирање скулптури од отпад.

Потребата да се реализира оваа волонтерска акција е да се врати сјајот на летната сцена на Тумбе кафе и да се одржуваат повеќе културни и уметнички настани на истата, желбата на младите да се изразуваат преку алтернативна уметност и повик до битолчани да го зачуваат своето Тумбе кафе, чисто и функционално. Битола како град на културата треба да има чист и одржан простор за реализација на многубројните културни настани што се случуваат секојдневно во градот.

Преку волонтерските активности и кампањата за промоција на волонтирањето сакаме да направиме промена во генералниот однос и перцепциите на младите во однос на волонтирањето, зајакнување на нивното знаење за придобивки од волонтирањето и учеството на младите во развојот на локалната заедница.

Проектот „Локален волонтерски сервис Битола“ на Младински културен центар – Битола во партнерство со СФЕРА Интершенал се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2, која е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Проектот „Локален волонтерски сервис“ е кофинансиран од Општина Битола

отпад

отпад3

отпад4

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани