2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Велосипедски патеки да изгради Општината преку развојната програма, а Парк да се реконструира преку Smart4you2, излагање на советничката Трајковска од ДОМ

Октомври 02, 2023

Велосиспедските патеки се неопходни за урбаниот равој на Битола, но тие треба да се вметнат во развојната програма на гардот и за нив Општината има средства да ги изгради, а објектот Парк да се реконструира како што беше првично предвидено со прокетот „Smart4you2“ за да не остане руина, рече Анастасија Трајковска, советничка на ДОМ која од говорницата денес половина час аргументирано зборуваше што треба да се направи за градот да добие и велосипедски патеки и реконструкција на објект Парк кај Офицесркиот дом. Таа всушност го образложи ставот и на другите советници , меѓу кои и оние од СДСМ и коалицијата кои гласаа против измените на одлуката за согласност и кофинансирање за пренамена на средствата предвидени за реконструкција на Парк со реконструкција на тротоарите и воведување на влосипедски патеки на улиците „Васко Карангелевски“и „Партизанска“.

„ Она што најмногу ми прави забуна е поврзувањето на проектот Smart4you2“ со реконструкција на предвидените тротоари. Општина Битола во својот буџет има доволно средства да обезбеди 502 671 денари колу што би требало да чини реконструкцијата на тротоарите. Дали мене или на некој од нас не му се допаѓа објектот Парк и сметаме дека треба да се острани е многу ирелевантно со оглед на тоа дека е со акт заштитена целина Офицерски и се наоѓа во старото градско јадро на Битола исто така заштитено како култуно наследство од особено значење. Не постојат законски услови за негово отсранување. Доколку не сториме ништо со него ќе остане руина и ќе биде сведок за наш игонрантски оснос кон него“, рече Трајковска.

Таа додаде дека со прокетот Smart4you2 е предвидена активност за реновирање на објектот Парк со што Офицерски како целина ќе добие своја завршница. Додаде не е точко дека при апликација на овој проект немаше финансиска конструкција. Напротив врз база на идеен проект изработен од јавно претпријатие беа дефинирани 399 765 евра. Постои и правосилно решение со кое се одобрува реконструкицја на овој објект од Министерството за транспрт и врски.

„Коректно е јавноста да знае дека со проектот ќе добиеме 2 611 929 денари грант од ЕУ, а Општина Битола треба да кофинансира 220 820 евра. Не знам од кои причини се зголеми проектната програма и добивме информација дека е аплицирано со проект кој има вредност 671 000 евра. Со реконструкцијата е предвидено да се изработи галерија за која треба конструктивни зајакнувања. Доколку се измени проект во текот на градба и се отсртрани глаерија, тврдам дека реконструкцијата ќе може да велзе во предвидената рамка.

На ваков начин Општина Битола ќе ги добие велосипедските патеки на одредените улици и нема да остасне руина во Офицерски. Општина Битола има доволно средства за да ги изработи велосипедксите патеки, а за Офицерски ќе биде потешко да се одделат средства. Многу ќе биде подобро да не замижуваме на фактот дека Парк постои, дека е руина туку да направиме нешто да заблиска целиот комплекс“, рече Трајковска.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани