Бившата директорка Ангелевска ја обвини градоначалничката за неспособност

Август 24, 2018

Навреди и разни кавалификации упатија кон градоначалничката Наташа Петровска некои советници на денешната седница на општинскиот Совет, кои го искористија нејзиното присуство за советнички прашања.  Советничката од ВМРО-ДПМНЕ, Анита Ангелевска, инаку поранешен директор во гимназијата „Таки Даскало“ и една од обвинетите во случајот „Транспортер“ ја праша Петровска  за ветените проекти  во изборната кампања и до каде е нивната реализација, се подбиваше со објавите на Петровска на ФБ и ја нарече најнеспособен градоначалник.

-Во овој 10 месечен период вам може да ви се упати само честитка за најнеспособен  градоначалник. Работите не одат, неспособност, незнаење и лаги, кој саката збор од овие можете да го одберете . Сакам да ве прашам во кој  личен  фолдер  ви е сместена одлуката конечно и серизоно да се зафатите со работа за градот и да ја обавувате функцијата за која што сте избрани? Дали конечно ќе заврши фазата на збунетост и дезориентираност или за жал добрата професорка по математика ќе остане запаметена како најнеспособниот градоначалник на Битола, рече Анита Ангелевска од ВМРО-ДПМНЕ.

За навредите упатен кон неа, градоначалничката Петровска  рече дека нема да возвраќа во стилот на поранешниот градоначалник, кој сега го практикуваат советниците од  ВМРО-ДПМНЕ.

-Реткост било да се види градоначалникот на седница на Совет, слушаме од зборовите на овие луѓе кои многу блиску во минатото, кога господинот Талески го немаше на седниците на Совет воопшто не ги изговараа овие зборови. Но, нема да се навраќам на тоа зашто длабоко сум убедена дека реперот на најнеуспешниот градоначалник во Битола оддамна сме го имале и дека долги години во иднина тоа нема да се повтори и нема да се помести. Нема да навлегувам во делот на квалификациите и злоупотребата на оваа говорница околу давање на  карактеристики за личности зашто тоа не е мој стил иако екс градоначалникот умеел од оваа говорница да биде многу жесток и да ја злоупотребува во вербални,  недолични напади кон советниците. Иако овој пат слушаме обратна насока на тоа како советниците го користат својот речник, јас нема да го сменам својот стил, рече Петровска.

Петровска,  рече дека на повеќето прашања веќе одговорила во изјави за медиумите, но одлучи  да одговри во писмена форма,  поради како што рече да не бидат злоупотребни делови од нив.

-Ги запишав сите прашања, дел од нив ги имам веќе одговарано во свои изјави, дел од прашањата можат да се видат и на моите за некого поетични написи. Но, бидејќи очигледно, на некому не им биле јасни, од една страна, а од друга бидејќи дел  од прашањата се однесуваат и се содржат токму во првата точка од дневниот ред, ќе го искористам своето право и по Статут и по деловник, сите прашања да ги одговорам во писмена форма и истите ќе бидат  на веб страницата на Општина Битола, како не би биле злоупотребувани делови од нив, туку да можат сите битолчанит да ги прочитаат одговорите, рече градоначалничката.

Сепак , Петровска и одговори на Ангелевска за навредите, но  преку бројки за долговите што како директор ги остави во   гимназијата „Таки Даскало“   и напорите на актуелното раководство да излезе од наследената состојба. 

- Сега кога некој ме повикува како  ги насочувам и менаџирам парите и ме окфалификува како крајно неспособна личност, нема да вратам со исти зборови, но ќе ги кажам бројките. Во 2007 година, во септември месец училиштето „Таки Даскало“  е оствено со 125 илјади евра на сметката. За само 4 месеци во истата 2007 година, по завршната сметка, училиштето е донесено  во минус од  220 илјади денари. Нема да користам никакви квалификации. Ако го земете тоа училиште кое што тргнало од 125 илјади евра на сметката и кое што откако го презеде актуелната директорка Елизабета Наумовска, со борџ од 940 илјади евра, имате огромен пад  од повеќе од 1 милион евра. Во истото тоа училиште има извршител кое само за услуги при извршување наплатил 100 илјади евра. Во истото училиште ако ги додадете и другите суми на останатите извршители, имате 200 илјади евра само за услуги  на извршители. Кој колку бил способен останува сумите да говорат. Истото тоа училиште со „неспособниот“ градоначалник успеа да ја вклучи струјата во тоа училиште. Што се работи во останатите училишта ќе покажат резултатите. Но најмалку прифаќам да критикуваат оние, односно онаа политичка партија која што ги доведе до ваква сосотјба училиштата во Општина Битола. Ако статистички гледано основниот буџет на општина Битола е нешто над 9 милини евра, и ако наследите половина буџет затворен само во долгови на училиштата и половина затворен со еден нивни проект, граѓаните нека одлучат кој колку знаел, колку умеел и колку бил сериозен, рече Петровска

Апла.мк ќе ги обави прашањата на советниците, заедно со писмените одговори на градоначалничката Наташа Петровска. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани