АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Јас ќе бидам многу среќен да слушнам алтернатива, да слушнам дебата за алтернатива, јас слушам само дебата за индентитет, а тој е гарантиран. Денес во 21 многу е поважно да зборувате за економска моќ оти тоа ви го дава идентитетот, ако вие сте ситуирани, со добри плати, кој ќе ви го земе иденитетот, рече Кочо Анѓушев, вицепремиер за економски прашања денес на трибината во Жабени.
„Ако не станиме дел од светсиот пазар, ако останиме изолирани, ние ќе останеме да се потпираме на сопстврните можности. Ако бројот на фирмите извозно ориентирани во Македонија не порасте, ако извозот не порасте , ние апсолутно немаме шанса да се бориме со светот. Да градите фабрика во Македонија, освен во делот на храната можеби, нема никаква смила да биде голем капацитет ако тој не е извозно ориентиран. Надвор цел свет ви е конкуреција, таму нема политика или привилегија. Таму треба да имате квалитет и да имате цена, а за тоа треба да имате технологија и продуктивност, средства за да ивестирате, а за тоа помагааат евроските фондови. Кој ова не може да го разбере не му мисли добро на економијата на Македонија. Ова е единствен начин Македонија да фати приклучок со економското живеење во светот“, рече Анѓушев.
Тој додаде дека со велгувањето во НАТО, се отвора и просторот да учествуваме на нивните тендери.
„За тоа треба да се подготвиме, да бидеме конкурентни. Ние не можеме да продадеме авиони и лансерни системи, но можеме да продадеме кошули за војската на НАТО, обувки, нешто што е од логистичкиот ден на НАТО“, додаде Анѓушев.