АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Електростопанство на Македонија ќе биде главно насочено кон развој на обновливите извори на енергија,а веќе оваа недела ќе биде потпишан договорот за изградба на фотоволтаична електрана на местото на стариот рудник Осломеј со инсталирана моќност од 10 мегавати, веднаш потоа ќе следат дополнителни 10 мегавати инсталирана моќност како инвестиција на ЕСМ, а следува и изградба на две фото напонски електрани од по 50 мегавати на истата локација, на принцип на јавно приватно партнерство.
Ценам дека ова е првата или најголема енергетска транзиција не само во нашата држава, туку во целиот регион. Дополнително се планира изградба на фотоволтаични електрани и во рамките на РЕК Битола, а веќе е во процедура изградбата на фотоволтаици со инсталирана моќност од 62 мегавати на државно и приватно земјиште, врз основа на јавен повик. Ветерниот парк во Богданци ќе биде надграден со дополнителни 16 мегавати, а во план е и јавен повик за изградба на хидро централата Чебрен, со што се очекува во наредниот период производството на електрична енергија од обновливи извори да се зголеми за дополнителни 350 мегавати инсталирана моќност. Со ова покжуваме јасна посветеносот на државата кон обновливите извори на електрична енергија, рече вицепремиерот Кочо Анѓушев, при денешнта посета на РЕК Битола.