АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Ученици од ОУ „Тодор Ангелевски“ и од ОУ „Даме Груев“ денеска цртаа кај ново уредениот урбан простор кај месноста наречена Бела Чешма во Битола, како дел од проектот „Гласно сокаче- будно чикмаче“.
Талентираните ученици предводени од наставничките по ликовно образование Нела Петровска и Весна Дунимагловска цртаа мотиви од Битола, старата градска архитектура и природата.
Како што објавивме Младинската невладина организација „Форум 16“ си зеде за задача да се сопротивстави на гласините што се шират дека младите се мрзливи, апатични, неработливи и дека по цел ден пијат кафе на Широк Сокак и со група етузијасти го средија и уредија сокачето кај Бела Чешма.