Граѓаните не знаат дека имаат право на бесплатна правна помош

Ноември 01, 2018

Многу мал е бројот на граѓани кои знаат за постоењето на законот за бесплатна правна помош, за нивните права како и за тоа каде можат да се обратат за да започнат за решавање на нивните проблеми, беше речено денеска на прес-конференцијата „Резултати од досегашната имплементација на проектот Пристап до правда во Македонија“, што се одржа во Младински културен центар - Битола.

 

Главна цел на овој проект е да се придонесе кон подобрување и надградување на системот на заштита на човековите права и да се овозможи еднаков пристап до правда за сиромашните граѓани и останатите ранливи категории на граѓани. 

Проектот „Пристап до правда во Македонија“ се имплементира со финансиска подршка на Фондација Отворено општество – Македонија.

Младински културен центар – Битола, согласно решението издадено од Министерството за правда од 2011 година , е овластено здружение на граѓани за давање на претходна правна помош. Оваа година врз основа на вака издаденото овластување МКЦ продолжи да дава претходна правна помош , особено на социјално загрозените граѓани.

-Во изминатиот период од десет месеци во нашата канцеларија регистрирани се вкупно 135 граѓани кои с еобратиле и побарале претхподна правна помош, меѓутоа оваа бројка е многу поголема со оглед на фактот што дел од граѓаните помошта ја браат телефонски или при нашите теренски средби. До подрачното одделение на Министерството за правда во Битола поднесени с евкупно шест барања за бесплатна правна помош , рече Ирена Стојчевска од МКЦ.

Инаку малиот број на поднесени барања за бесплатна правна помош е резултат пред се на строгите законски одредени критериуми. Инаку започната е процедурата за донесување на нов закон за бесплатана правна помош, а МКЦ-Битола заедно со останатите здруженија учествуваше во парламентарната седница и даде свои предлози во корист на граѓаните.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани