АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Пратеникот на ЛДП од Битола Горан Милевски, денеска доставил амандмани на Буџетот на Република Македонија поврзани за Битола, по што бара средстава од Буџетот за затворен базен, поради загадувањето што го трпат битолчани од РЕК-Битола, средства за доизградба на колекторски систем на Пелистер, меѓудругото и средства за конзервација и заштита на објектот на црквата Свето Успение на Пресвета Богородица на Битолското Кале.
Милевски на својот фејсбук профил јавно објави што се бара за Битола со поднесените амандмани.
-Како пратеник од овој град сметам дека од Буџетот требa да се одделат повеќе средства за Битола, бидејќи во минатото беше неоправдано исклучен од капитални инвестиции.
Со амандманите барам средства за следниве намени:
- 61.500.000 денари за изградба на затворен базен. Битола мора да има затворен базен. Поради загадувањето кое ни го приредува РЕК, државата треба да инвестира во спортски објекти каде битолчани ќе рекреираат. За таа цел предложив уште еден сличен амандман
- 123.000.000 денари за изградба на трибина на стадионот во Битола
-123.000.000 денари за доизградба на колекторски систем на Пелистер. Планината мора да се заштити од загадување. ЛДП го започна проектот 2006 година кој сеуште не е завршен.
- 18.450.000 денари за изградба на канализација во село Трново и Магарево како поддршка на локалната самоуправа.
- 3.075.000 денари за конзервација и заштита на објектот на црквата Свето Успение на Пресвета Богородица на Битолското Кале. Од исклучителна историска важност за градот, заштита и промовирање на културно - историското наследство на градот, збогатување на туристичката понуда.
- 10.000.000 денари за реконструкција и уредување на Офицерскиот дом на култура во Битола. Иако е одобрен гранд треба и државата да помогне со средства за уредување и на просторот
- 6.150.000 денари за завршување на градбата на кино Манаки. Започнат проект но незавршен.
- 10.000.000 за набавка на еколошки автобуси во градот Битола. Да помогнеме за подобрување на амбиенталниот воздух.
- 12.300.000 денари за реконструкција на мост на регионален пат на влезот во Битола од страна на Охрид. Поголема безбедност за граѓаните.
- 30.750.000 денари за изградба на детска градинка во Битола. Недостатокот на легла за најмладите мора да се надмине со изградба на нова градинка.
-Очекувам поддршка од сите колеги, бидејќи Битола тоа го заслужува, пишува Милевски на својот фејсбук профил.