АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Општина Битола, хумани луѓе и претпријатија од градот и оваа година ги израдуваа со подароци и донации четириесетте ученици во посебните паралелки во ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ во Битола. Со овие деца работат дванаесет дефектолози кои постојано посетуваат семинари и ги следат светските трендови за рехабилитација на децата со посебни потреби.
-Голема благодарност до градоначалничката Наташа Петровска која децата ги израдува со новогодишни пакетчиња, велат од ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ во Битола.
Од таму набројуваат дека во овие предновогодишни денови, децата во посебните паралелки беа израдувани со новогодишни пакетчиња и од Здружението на пензионери од Битола, Стопанска банка –Битола, Сокотаб, Лајонс клуб-Битола, како и донации од ФОД-Битола и Синдикатот на ФОД ДООЕЛ-Битола предводен од Александар Иванов.
-Исто така им благодариме и на Кромберг и Шуберт-Битола за донацијата на 11 таблети. Голема благодарност и до наставниците и учениците од гимназијата „Таки Даскало“, кои со нашите ученици организираа заедничка новогодишна работилница, а исто така благодарност и за посетата на младите лајонси, велат директорката Валентина Петреска и тимот дефектолози од ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ во Битола.