АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Покрај тоа што Општина Битола му го раскина договорот на изведувачот „МС Конструктор“ ДООЕЛ Битола зашто ги пробил сите рокови за реконструкција на улицата „Климент Охридски“, против него ќе бидат преземени и други мерки спогласно законите.
„Се одлучив на тој чекор независно со која динамика ќе биде завршена улицата зашто за мене е многу поважно создавањето на понормални услови за работа отколку популарноста или непопуларноста од аспект на градоначаник. Она што сакам да го постигнам и ќе останам доследна во следниот период е ниеден изведувач да не калкулира дека со наплатата на оштетата која по нивните математики е помала од сумата што треба да ја добијат по изведената работа, дава профит разлика која во иднина би ги мотивирала да учествуваат на јавни набавки, однапред знаејќи дека немаат капацитет да го завршат она на што се обврзани и со тоа сакам да создадам култура секој во иднина кога ќе се јави на јавна набавка да види сметка дека роковите за кои се обврзува ќе ги испочитува“, рече Петровска.
Договорот со изведувачот беше потпишан во јуни 2017 година. Општината ја замени канализационата мрежа што чинеше околу 2,5 милиони денари, водоводната мрежа 2 милиони денари, па остана уште коловозот да се преасфалтира, но работите се издолжија. Фирмата изведувач се споменуваше во проекти на претходната локана власт, како што беа реконструкција на Старскиот дом „Сју Рајдер“, па и партерно уредување на киното „Манаки“.