2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

На местото каде што загинал Ростковски денес се чествуваше Денот на руската дипломатија (фотогалерија)

Февруари 08, 2019

Обраќајќи се на македонски јазик пред Рускиот крст во Битола, каде пред 116 години загинал рускиот конзул Ростковски, актуелниот амбасадор на Руската Федерација во Македонија, Сергеј Бездникин рече дека подготвени се за унапредување на пријателските односи со Република Македонија во различни области, дотолку интензивно, доколку за тоа се подготвени македонските партнери.

 

„Братските народи на нашите две земји се поврзани со блиски духовни и културни врски со повеќевековна историја. Ова е солидна основа за понатамошно подобрување на односите за доброто на нашите народи“, рече амбасадорот.

Пред Рускиот крст во Битола, подигнат на местото каде што во 1903 година загинал рскиот конзул Александар Ростковски, кој пак го заштитувал христијанското население и бил убиен од османлиски војник, денес цвеќе положија повеќе дипломати, градоначалници, директори, советници и претставници на здруженија. На овој начин традиционално секоја година во Битола се одбележува Денот на руската дипломатија.51126610 326643027975581 1991725379110305792 n

51558796 299010070791132 2024523415829872640 n

51390249 470767010122493 6200242735857795072 n

51691354 2334389859925361 7372129926985547776 n

50877550 3107720872586729 2445272954905296896 n

51669934 2062772760502512 2669677845000749056 n

51620119 2041872899224281 4563707187871875072 n

51775204 238799637006324 7730324577359757312 n

51497640 397292064352140 6887121698567487488 n

51499376 1142361762603601 8160720939399512064 n

51423720 778881815818536 7528652261967265792 n

51644444 1955194427943417 1327025790725914624 n

 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани