2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Валентин Груевски претседател на Советот-Градскиот превоз останува 20 денари

Февруари 22, 2019

-Градскиот превоз  останува 20 денари, тоа е цена што ја донесовме со тарифите пред два месеца. Тој може да се користи од понеделник до сабота  и дел од линиите кои се во недела од градскиот превоз. Ако градскиот превоз го користите двапати денот билетот ќе чини 16 денари. Што се однесува до другите линии ние се обидуваме со одлуките што ќе ги донесеме за населбите кои се блиску до градот, Логоварди и другите да воведеме превоз  и во текот на школскиот распуст , односно автобусот да се обраќа секој ден од понеделник до сабота, а досега имаа во вторник и петок.

Одредени населби да добијат зголемен  број на обраќање на автобусите. Значи Долно Оризари имаше меѓу 8 до 10 пати  на доаѓање на автобусот, а сега ќе има 17 пати автобус во текот на денот. Што се однесува до месечните билети досега Советот не утврдувал месечни билети како цена, сега тоа го правиме за првпат и тие месечни билети ќе бидат поефтини на дневна основа . Ако на пример користите автобуски билет од Битола до Бистрица тогаш со месечна карта превозот ќе чини дневно под 40 денари, поефтино од сегашната цена, рече Валентин Груевски, претседател на Советот на Општина Битола.

На вчерашната седница на Совет беше донесен новиот модел за регулирање на јавниот превоз. Се предвидува автобусите да застануваат на 4 автобуски постојки во градот, наместо на една како што беше досега, и тоа за превозниците кои ќе се обраќаат од населените места Кравари, Бистрица, Долно Оризари и Логоварди.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани