2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Мегленци не ќе може да се одбрани и со десет стражари, а за 30 Комуналец не е толку богат , рече директорот Богоевски

Февруари 21, 2019

„Депонија Мегленци во Битолско е на површина од шест хекатри и е тешко проодна, па не ќе може да се одбрани макар и со десет стражари. Ако се стават во смени тоа би било 30 стражари, а Јавното претпријатие ‘Комуналец’ не е толку богато да постави толку голем број стражари“, рече директорот Панде Богоевски околу предлози на советници  да се вработат повеќе чувари за да се стави крај на влегувањето свињи и диви собирачи на депонијата.

 

Директорот Богоевски вели дека ќе се размисли околу предлогот на советниците за ставање на 24 часовен мониторинг, но се прашува дали тоа ќе даде ефект.

„Ако има ефект во ред, но ако само ги гледаме на екран тоа и онака нашиот стражар тоа го забележува и преку одговорниот во депонија постапуваме понатаму“, вели директорот.

Тој додава дека скоро цела депонија е заградена освен делот од каде што црпат земја за насипување. Имало и некои козји патеки од каде се претпоставува дека доаѓале свињи. Во иднина планираат ваквите упади да ги пријавуваат почесто во МВР.

„Дури има редовно вработени работници во редовна смена нема свињи, ни диви собирачи. Но, од друга страна тоа никој не може да го исконтролира. Нашата обврска е таква ситуација да пријавиме во МВР. Што понатаму се случува, треба тие да се прашаат иако јас и мојот тим решивме да бидиме што поагресивни и почесто да се пријавуваат“, рече Богоевски.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани