АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Селекторот на фестивалот „Музика од светот“, Оливер Јосифовски, основач, басист и композитор на групата „Љубојна“ која годинава ќе настапува на фестивалот, денеска на прес-конференција беше запрашан дали има пристрасност во неговиот избор.
- Во изборот на „Љубојна“, изгледа дека има пристрасност, но во моментот тое е бенд којшто продава многу карти. Во ситуацијата во којашто ние одбиравме каква програма да направиме, малку забушени од целата политичка и економска ситуација, беше пресудно да се донесе бенд којшто ќе продава карти-одговори Јосифовски, прашувајќи го новинарот: „Незнам како ви звучи ова“ рече тој , на што новинарот му возврати:
- Ми звучи како сами да си ставате лајк на фејсбук, на ваш статус, рече новинарот.