2win800x200

Борче Димитровски сам си се пофали каков директор бил

Ноември 02, 2017

Борче Димитровски, поранешниот директор на Центарот за култура-Битола , сега советник во Советот на општината , вчера  зборувајќи од советничката говорница, дали треба или не треба , да се формира комисија за испитување на работата на Општината и бившиот градоначалник Талески, не пропушти сам да се пофали,  како директорувал и што практикувал.

 

-Јас имав едно одлично седумгодишно искуство како раководител на Центарот за култура , каде  што имаше многу проблеми напластени од различни партии, од различни директори во периодот од 2000-2010 година. Од моето прво стапнување таму се одлучив да гледам напред и да се зафатам со решавање на вистинските проблеми.  Нема да говорам за моето работење. Граѓаните медиумите и целата јавност многу добро знаат како таа институција функционираше од 2010 до 2017 година, а како функционираше пред тоа, рече Димитровски.

Меѓутоа, додека беше директор на Центарот  за култура , Димитровски ниту еднаш јавно не ги искритикувал  предходните директори, ниту пак јавно кажал во каква состојба ја наследил  институцијата , во смисла на долгови, проблеми  или не дај Боже сомнежи за злоупотреби .

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани