АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
-Низ годините и вековите наназад, стремежот на македонскиот народ беше борбата за слобода. За таа борба некој не го жалеше ни најдрагоценото, својот живот, затоа што битката за слобода нема цена. Токму затоа денеска одаваме почит и признание на оние кои што се бореа за слобода, за демократија, еднаквост, за живот. На сите битолчани им го честитам денешниот празник, Битола е слободна, слободно живее, реча Васко Ковачевски, претседател на ОО на СДСМ – Битола
-На сите граѓани на Битола , им го честитам 4 Ноември, Денот на ослободувањето на градот. Ова е значаен празник за нашиот град, бидејќи не потсетува на храброто минато, на луѓето кои што се одважија и беа спремни да ги дадат своите животи за ослободување на Битола. Празник кој што покрај тоа што треба да не потсетува на минатото, треба да не опоменува за обврската што ја носиме за иднината на сите граѓани. Тоа е подобро утре за граѓаните и подобри услови, решавање на суштинските проблеми. Токму затоа сакам да испратам порака до актуелната власт и да ги потсетам дека времето на кампања и популизам е завршено. Трба да се престане со лицемерието кога во кампања се ветуваат едни работи, а во реланоста, на дело, се прави нешто сосема друго. Не знаеме кои мерки што ги презедоа прават поголема штета во Република Македонија. Дали се тоа повисоките даноци и придонеси, дали е тоа затворањето и одењето во стечај на фабриките и 0 странски инвестиции, дали е тоа поскапувањето на акцизите за нафтата, а на крајот цената ја плаќаат граѓаните на Македонија, изјави Борче Димитровски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ