АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Уште еднаш црвен аларм за односот на одредени возачи кон велосипедистите во Битола влчучи синоќешната сообраќајна несреќа во која беше повреден велосипедист од градот. Несреќата се случила на крстосницата од улиците „Партизанска“ и „Студентска “ кога возило не почитувајќи го правилото за првенство на минување, му го пресекло патот на велосипедист. Од ударот лицето кое управувало со велосипедот било фрлено неколку метри настрана, па со главата удрило и во друго возило. По ова, велосипедистот завршил болница со потрес на мозокот и набиеници.
(Фотографија од оштетената кацига на велосипедистот)
(оштетен велосипедот)
(Повреди кај велосипедистот)
Оваа сообраќајка е една од повеќето со повредени велосипедисти на територија на Битола, овој пат на една од најфреквентните сообраќајници. Несреќата го вклучи алармот за безбедноста на велосипедистите низ битолските улици. Велиспедистите апелираат дека крајно време е да бидат максимално почитувани како рамниоправни учесници во сообраќајот. Сведочат дека до сега имало многу случаи каде возачите не ги перцепирале како учесници во сообраќајот, што понекогаш било фатално за нечиј живот.
Во период кога јавно се аплелира да се возат што повеќе велосипеди, отколку возила заради загадувањето во градот, а и поради здравиот начин на живот, неопходно е на повисоко ниво да биде и сообраќајната култура на сите учесници во сообраќајот. Секој живот е подеднакво вреден, и на оној на велосипед и на оној зад воланиот на возилото.