АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Битолската градоначалничка Наташа Петровска била повикана и денес дала исказ во Јавното обвинителството за случајот „Рекет“ во кој осомничени се Бојан Јовановски-Боки 13 и Зоран Милевски-Кичеец. Од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција информираат дека вчера го повикале градоначалникот на Општина Карпош, а денес и Петровска да дадат исказ бидејќи се смета дека можат да помогнат во натамошното утврдување на факти во предметот.
„Во интерес на истрагата, обвинителството не е во можност да сподели детали околу содржината на дадените изјави. Паралелно со прибирањето на вербални докази, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во континуитет дава насоки и наредби за вршење и на други истражни дејствија.Вештачењата на прибраниот обемен материјал од извршените претреси е во тек. По наредба на обвинителството се врши и вештачење на содржината на пронајдениот и одземен втор мобилен телефон на јавниот обвинител“, пишува во соопштението на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.
Ова обвинитлество на 15 јули го отвори случајот за рекетирање во кој првоосомничен е Бојан Јовановски-Боки 13, а второосомничен бизнисменот Зоран Милески-Кичеец. Првоосомничениот се товари дека го искористил своето влијание кај јавен обвинител и зел 1,5 милиони евра од лице под истрага за да му ја олесни положбата. Второосомничениот овозможувал средби со лицето под истрага, кое во оваа истрага е сведок.
Премиерот Зоран Заев пред околу еден месец на пратенички прашања во Собранието кои се Коки и Кики и дали знае која градоначалничка се обиделе да ја рекетираат барајќи од неа бесплатна локација за градба и неплаќање комуналии во износ од 1 милион евра, рече дека за случајот се води истрага и дека е информиран за нивниот обид за изнуда кај градоначалничката на општина Битола, но таа ги одбила.