2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Хаотичното поставување на урбана опрема не може да биде дел од организиран систем за управување со отпад, рече Богоевски

Јули 24, 2019

Во јавното претпријатие „Комуналец“ вчера се одржала средба на советници од Општината, на која присуствувале претставници на советничкото мнозинство и опозицијата, додека поради користење на годишен одмор своето отсуство го најавиле советниците од граѓанската иницијатива „Поинаку“, соопшти директорот Панде Богоевски.

 

Тој рече дека ЈП „Комуналец“ е поготвен да им пружи рака на граѓаните за сите иницијативи во сферата што тие ја покриваат, но при тоа да бидат информирани зашто во комунланата сфера не смее да има безредие.

„Целта беше низ дијалог со советниците заедно да придонесиме за почист град. На вчерашната средба со советниците се потсетивме на комунаниот ред во градот зашто точно се знаат локациите каде се поставува урбана опрема , во што спаѓаат меѓу другото и корпите за отпадоци. Сите се сложивме дека хаотичното поставување на урбана опрема не може да биде дел од организиран и интегриран систем за управување со отпад. Во комуналната сфера не смее да има безредие и дека треба да се почитуваат одлуките што ги донесле советниците, а тоа е комунланиот ред во градот“, рече Богоевски.

Тој ги покани и охрабри сите граѓани и здруженија при поставување на дополнителна урбана опрема, како и организирање на активности поврзани со комунаните дејности потребно е и пожелно да се координираат со ЈП Комуналец.

„Ако има иницијатива за чистење, треба да има координација, да се најави настанот за да помогнеме во нашиот дел зашто и во недела нашите вработени имаат неработен ден, па ако не е најавено ќе нема кој да го собере сметот. Во однос на поставувањето на корпи за отпадоци, за мене е симптоматично што на 5 до 6 метри од нашите корпи се поставуваат нови. Сведоци сме дека и наводно се празнат, ако тој отпад се става во некој контејнер, тоа е контејнер на жители на некоја зграда. Дококу некој стави времло масло во тие кеси тоа ќе падне долу и пак Комуналец ќе го чисти. Ние сме расположени за соработка и подаваме рака зашто веруваме дека целта е почиста животна средина“, рече Богоевски.

За советниците од „Поинаку“ рече дека ќе биде стрплив да се вратат од годишен одмор и да одржат заедничка средба, но во „Комуналец“. 

„Во мејлот со кој ме известија дека се на годишен одмор, ме покануваат јас да одам во нивните простории, но со цела почит тука е јавното претпријатие Комуналец кое се грижи за интергиран и организиран систем за управување со отпад. Ако директорот на ЈП оди на секоја една иницијатива, верувајте ќе нема време да се менаџира претпријатието. Јас пак ќе ги поканам да дојдат, да се информираат за средбата за можностите за соработка и ние подаваме искрено рака за соработка“, рече директорот.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани