2win800x200

Мета: Се надевам дека сме во нова ера на одлични меѓуетнички односи внатре во Македонија

Ноември 21, 2017

Чест ми е како претседател на Република Албанија да го посетам градот Битола, Манастир на албански јазик. Го изразувам моето задоволство што се наоѓам на ова свето место за Албанците, каде што нашите најумни и најхрабри патриоти пред 109 години  го направија унифицирањето на албанската азбука. Битолскиот Конгрес е исклучително важен настан, бидејќи ја забрза процедурата за следниот голем настан, независноста на Албанија.

Сакам да искажам благодарност  до властите на Р. Македонија и на локално и на централно ниво, за грижата што ја покажуваат за овој објект и за сите нивни планови за реставрација, надградба и збогатување  на објектот. Ние ќе бидеме во комуникација за да го дадеме нашиот придонес.

Јас се надевам дека сме во нова ера на одлични меѓуетнички односи внатре во Македонија,

и одлични односи меѓу граѓаните  од двете држави. Догодина славите 110 години од славниот Конгрес и овој настан е од исклучитена важност за нас,  за Битола и за Владата на  Р. Македонија воопшто и убеден сум дека Битола ќе биде многу попосетена од Албанците во дијаспората , но и од учениците и студентите од Албанија, за да се запознаат со историјата и да бидат посвесни и благодарни за целокупната работа на луѓето кои пред 109 години го направија Конгресот во Битола.

Имам специјална покана до градоначалничката на Битола, да ја посети Албанија, на владино ниво и со општините, да основаме заеднички програми, кои ќе не доближат уште повеќе да имаме добро  разбирање и  поголема љубов.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани