2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Костадин Поповски, ТППЕ: Пожарите во Битолско се под контрола

Септември 17, 2019

Пожарите кои беснееја вчера во Битолскиот регион се под контрола, а на терен се пожарникарите на ТППЕ Битола и јавните претпријатија да спречат евентуално повторно активирање на огнот. Пожари вчера речиси истовремено избувнале во Беранци и Лопатица, а поради сериозноста на ситуацијата надлежните побарале и активирање на воздухпловите на Дирекцијата за заштита и спасување.

-Веднаш беше известен Центарот за управување со кризи, Диркцијата за заштита и спасување и шумското „Кајмакчалан“. Пожарот во село Лопатица го ставивме под контрола, а пожарот во Беранци беше на тешко достапен терен. ТППЕ учествуваше со 15 пожарникар и 4 возила, а на помош дојдоа и вработени од ЈП „Комуналец“. Исто така, преку Општина Битола беше повикана и авијацијата, која овозможи да се ублажи ситуацијата. Во 21 часот пожарот се стиша, но истовремено на истиот тој гребен, огнот се разгови кон Црнобуки. Пративме една екипа со возило да го брани манастирот кај Лисолај и една екипа меѓу Драгожани и Црнобуки, изјави Костадин Поповски, командир на ТППЕ-Битола.

Територијалната противпожарна единица во Битола во послдните десетина дена секојдневно интевенира на пожари на отворено, а екипте се активни по 24 часа. Од почетокот на годинава пак, имале вкупно 420 интервенции, што е над просекот од претходните години.

-Годинава имаме 420 интерввенции до денес , а годишниот просек е 450 до 500 интервенции. Во последните 10 дена на теритриите на општните Битола, Новаци и Могола имаше 6 до 7 пожари на огромни пространства, но благодарение на екипираноста на единицата со  10 нови пожарникари, ние успешно се справивме со тие пожари. Карактеристична е последната недела, пожарникарите се на терен по 24 часа и немаат минимум одмор, но ситуацијата е таква што требше да се справиме со ситие пожари, рече Поповски.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани