2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

ПАК ГОРИ КАЈ БЕРАНЦИ

Септември 17, 2019

Попладнево пак се активира пожарот во близина на пелгониското село Беранци. На терен се пожарникари од ТППЕ Битола и членови на Дирекцијата за заштита и спасување кои се обидуваат да го изгаснат огнот. Пожари вчера речиси истовремено избувнаа во Беранци и Лопатица, а поради сериозноста на ситуацијата надлежните побарале и активирање на воздухпловите на Дирекцијата за заштита и спасување.

 

-Веднаш беше известен Центарот за управување со кризи, Диркцијата за заштита и спасување и шумското „Кајмакчалан“. Пожарот во село Лопатица го ставивме под контрола, а пожарот во Беранци беше на тешко достапен терен. ТППЕ учествуваше со 15 пожарникар и 4 возила, а на помош дојдоа и вработени од ЈП „Комуналец“. Исто така, преку Општина Битола беше повикана и авијацијата, која овозможи да се ублажи ситуацијата. Во 21 часот пожарот се стиша, но истовремено на истиот тој гребен, огнот се разгови кон Црнобуки. Пративме една екипа со возило да го брани манастирот кај Лисолај и една екипа меѓу Драгожани и Црнобуки, изјави денес Костадин Поповски, командир на ТППЕ-Битола.

Пожарите кај Лопатица, Лисолај и Црнобуки се изгаснати.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани