АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Младинската невработеност е висока и изнсеува над 40 проценти од невработените лица, а Законот за паркатиканство донесен во мај годинава треба да помогне што повеќе млади лица да се вработат. Законот денес го презентираа претставници од Младинскиот културен центар од Битола во рамки на прокетот за јакнење на капцитетите на Локалниот економски совет на општина Битола. Придобивките на законот беа презентирани пред претставници од бизнис секторот и јавни институции.
„Главна цел е што се овозмножува работа преку учење, стекнување на професионално искуство што ќе ја зголеми вработливоста на невработените луѓе и на крај премин кон редовен работен однос. Законот овозможува млади невработени лица до 34 години да бидат времено ангажирани до 6 месеци кај работодавачот , да се стекнат со вештини и потоа целта е да добијат понуда за вработување, односно редовен работен однос. Тоа ќе се искосити за намалување на младинската невработеност“, рече Златко Талевски, извршен директор од МКЦ – Битола.
И до сега постоеше активна мерка за практиканство , но со Законот направе е чекор напред. Ќе се опфатат лица со основно образование кои не се ни во едукација, нити се пријавуваат во Агенцијата за вработување. Активната мерка практиканство опфакќаше 1000 корисници секоја година, а со Законот можат да се опфатат повеќе млади лица кои полесно ќе најдарт работа.
„Законот за практикансто овозможува да се сместат во компании каде ќе можат да учат , да се обучат за конкретно работно место, работодавачот инвестира во кадри кои му се потребни и на тој начин понудата и побарувачката ќе бидат задоволени“, рече Тлевски.
За време на ваквиот нагажман, практикантот добива одреден процент на износот на најмалата нето плато.