АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Министерот за локална самоуправа Горан Милевски уверува дека нема да се гради депонија за Југозападниот регион во Битола. Тој потврдува дека за ова прашање кое денеска внесе вознемиреност меѓу битолчани разговарал и добил потврда од премиерот Зоран Заев.
-Морам да одговорам на шпекулацијата која се јави денес во битолската јавност, со цел вознемирување на граѓаните.
Разговарав со премиерот Заев и можам да ве уверам дека никаква регионална депонија од Југозападниот регион, Владата нема да гради во Битола.
Депонијата од Југозападниот регион мора да биде на територијата на тој регион.
Никаква депонија министерот за локална самоуправа, ниту Владата нема да носат во Битола и битолчани можат да бидат спокојни по тоа прашање, напиша Милевски на својот фејсбук профил.