АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Експлозијата што се случи вчера вечер во печатницата „Киро Дандаро“ во Битола настанала од запалено буре од 50 литри мешавина од ацетат и алкохол, велат од печатницата. Пожарот се случил во просторија за рециклажа, a od менаџментот на фирмата велат дека немаат материјална штета и дека нема повредени.
Вчера и од битолската Против пожарна единица потврдија дека интервенирале во гаснење на пожар во печатницата. „Киро Дандаро“ е печатница која со години наназад го печати избирачкиот материјал за земјава.