2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Кирацовски -кривичните дела на политичарите и високите функционери да не застаруваат брзо

Јануари 09, 2020

Пратеникот од Битола, Александар Кирацовски  достави до Собранието предлог за изменување и дополнување на Кривичниот законик, кој има за цел кривичните дела на политичарите и високите функционери да не застаруваат брзо. Пратеникот  Кирацовски изјави дека овој предлог следува откако Никола Груевски беше ослободен од одговорноста во случајот „Траекторија“.

 -Правда мора да има, а 2020 нека биде токму година на правдата и праведноста.

Пред извесно време, поради истекување на рокот од шест години без правосилна судска пресуда и настапување на апсолутна застареност за кривичното дело „Траекторија“ се беше спасил симболот на криминогеното политичко подземје за време на неговото владеење, Никола Груевски. Тоа беше капката која го прели пехарот на неправдата и која од сите нас побара соодветна реакција, напиша меѓудругото Кирацовски на Фејсбук .

Предлозите се прифатливи и за ВМРО-ДПМНЕ од каде најавуваат и дополнителни предлози.

И од СДСМ и од ВМРО велат дека доколку има волја од пратениците од сите партии, тогаш за измените во Кривичниот законик може да се гласа пред да се распушти Собранието.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани