АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
И во услови на вонредна состојба поради коронавирусот, во капацитетите на ЕСМ во земјава струја се произведува непречено. Генерланиот директор на ЕСМ Васко Ковачевски вели дека се преземаат сите потребни мерки за заштита на вработените, а истовремено и мерки за да се обезбедат потребните 80 проценти струја за потребите на државата.
„Во моментов ги произведуваме потребните количества на енергија, немаме зголемена побарувачка во однос на нашата испорака кон ЕВН. Истовремено ги насочуваме сите наши сили и ресурси кон РЕК Битола. Сметаме дека ќе ги исполниме обрските и задачите , но истовремено апелираме кон граѓаните и фирмите максимално да ја штедат енергија зашто таа значи и живот“, рече Ковачевски.
Вработените во хидроцентралата „Шпиље“ која се наоаѓа во Дебраско одат на работа, се презмааат метки за заштита на нивното здравје, а воедно направени се и смени од 12 часа, па се очекува дека нема да има застој во работењето.
Ж.З.