2win800x200

Државата ќе направи напори предвреме да ги плати обврските кон стопанствениците, одговори Ангеловска

Април 01, 2020

„Ќе направиме напори државата и јавните институции пред роковите да ги платат долговите што ги имаат кон приватниот сектор“.  Вака одговори министерката за финансии Нина Ангеловска  на прашањето на Апла.мк дали државата како најголем должник на стопанството, ќе ги изврши плаќањата на веќе доспеаните побарувања кон  приватните стопанственици, што во овие моменти на криза би било   од  помош за сите нив, но  и дали  може предвреме да ги исплати веќе настанатите обврски спрема приватните компании.

-Значајно е да течат нормално исплатите кон приватниот сектор и тука не станува збор за никакво забавување и нарушување. Напротив , да, ќе има напори да се платат предвреме и пред роковите оние обврски и долгови што ги има државата и јавните институции кон приватниот сектор, не зборуваме за никакво одлагање или доцнење на плаќањето, бидејќи цело време разговараме за пакет мерки за да се заштити ликвидноста. Не би разговарале за пакет мерки за заштита на ликвидноста, ако од друга страна државата би ја нарушувала ликвидноста. При сите сценарија како ќе се реализираат расходите во следните месеци, имаме предвидено и редовно навремено на поврат на ДДВ и навремено исплаќање на сите обврските кои ги има државата кон приватниот сектор, одговори Ангеловска на прашањата на Апла.мк

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани