Донесените заклучоци на денешниот состанок Општинскиот кризен штаб се следните:
- Се повикуваат сите економски оператори и маркети на територијата на Општина Битола кои се регистрирани за онлајн продажба, дека ќе може да вршат достава на намирници за итни и неодложни потреби за време на полициски час, во деновите сабота и недела. Истите задолжително мора да испратат барање до Кризниот штаб на Општина Битола на следната адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., најдоцна до петок до 12 часот. Сепак, препорака на Кризниот штаб е граѓаните да ги завршат набавките до петок, пред полицискиот час.
- За време на траењето на полицискиот час, дежурна аптека во градот е аптеката Роса Вита БТ (наспроти Уредот) чиј телефонски број е 047 236 468 или мобилен број 070 373 272.
- За сите неопходни потреби на граѓаните од делот на земјоделството и сточарството, истите мора да се пријават во подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во текот на денешниот и утрешниот ден. По проценката на нужноста, списоците на лицата на кои ќе им биде дадена дозвола, ќе бидат доставени до СВР Битола и до Општинскиот кризен штаб . Лицата претходно треба да се најават на телефонскиот број 047 237 419, или на мејл адресата на подрачната единица на министерството Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
- Во случај на потреба за поддршка на стари и изнемоштени лица, лица со пречки во развојот и неподвижни лица, граѓаните може да се обратат на телефонските броеви 047 236 019 и 070 791 770 во Црвениот крст Битола.
- Работното време на двата градски пазари, според најновите мерки, е од понеделник до петок од 6-14.30 часот.
6.Со посебен оперативен план, во сабота ќе се врши дезинфекција на јавните површини во градот. Акцијата ќе биде реализирана од битолските јавни претпријатија, потпомогнати со механизација од населението во руралните средини и рачни пумпи за прскање од РЕК Битола.
Бидејќи бројката на позитивни лица od КОВИД-19 во државата и натаму расте, уште еднаш апелирам до граѓаните, почитувајте ги мерките за полициски час и останете дома. Само така, можеме да излеземе побезболно од оваа ситуација.