2win800x200

РАБОТИМЕ СПОРЕД ВИСОКИ СТАНДАРДИ, А ИСПРАТИВМЕ ОПОМЕНА ДО ФИРМАТА ШТО ДОСТАВИ НЕИСПРАВЕН ПРЕХРАМБЕН ПРОИЗВОД, ВЕЛАТ ОД ХОТЕЛОТ „МОЛИКА“

Април 28, 2020

Хотелот „Молика“ на Пелистер испрати опомена пред раскинување на договорот до фирмата која ги снабдувала со млечни производи, откако минатата недела лице сместено таму во државен карантин се пожалило на квалитетот на млечниот производ.

„Во хотелот беше испорачан пакуван прехрамбен производ кој не беше во исправна состојба и го утврдивме тоа по отворањето. Од наша страна беше направен записник од фактичката состојба и писмено региравме до производителот и добавувалчот со кој имаме случено договор за добавување на млечни производи во хотелот. Нивниот пропуст се одрази врз нашиот имиџ и на нашите гости. Дадовме опомена пред раскинување на договорот поради направениот пропусат“, рече Никола Каровски, извршен директор во „ЕЛЕМ Турс“.

 

Тој рече дека хотелот „Молика“ ги почитува највисоките стандарди и ги запазува сите протоколи како во тековното работење, така и во услови наметнати со држабниот картантин. Од 28 март до денес во државен карантин во „Молика“ поминаа 194 македонски повратиници од странски држави, а втората група заминува за неколку дена.

„Лицата во карантин добиваат три оброци дневно, нивниот престој е ограничен во хотелските соби, а редот го обезбедуваат лицата од МВР, за комуналниот отпад и сѐ што е потребно во координација сме со Црвен крст и ЈКП ‘Комуналец’. На секои 5 дена се вршат комплетни дезинфекции на објектот, дистрибуција одлагање на сметот со дезинфекција на сите ходници, коридори и места каде се подига. Храната се дистрибуира по посебни патеки, па нашите вработени воопшто немаат контакт со лицата што користат карантин“, рече Каровски.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани