Webp.net gifmaker

Од 5 јуни сум на годишен одмор, одговори Горан Козаров на обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека тера партиски активности во работно време

Јуни 10, 2020

Од 5 јуни сум на годишн одмор, односно го користам ланскиот одмор, одговори кандидатот за пратеник на СДСМ, Горан Козаров, на обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ, дека како директор на ЈП „Водовод„ тера партиска агенда во работно време.

Козров пред медиумите приложи и решение за годишен одмор.

 

IMG e25d8ba611fe808fb1949ca0540a205b V

 

Вели иако  користи одмор,  повремено оди во дирекцијат на ЈП „Водовод“ за да биде во тек со работата таму, посебно во ваков сензитивен период

-Затоа што мојата функција како директор на ЈП „Водовод“ и сосотојбата со коронавирусот не ми дозволува да бидат целосно отсутен. Одам во дирекцијата, сум  во тек со сите активности и сум присутен на терен. Сакам да им порачам на ВМРО-ДПМНЕ да  не обвинуваат за она што тие се и тоа како извежбани да го прават-да поткупуваат и манипулираат со вистината, вели Козаров

Рекацијата на ВМРО-ДПМНЕ следеше по донацијата на Козаров на заштитни маски за граѓаните во пазарот.

-Во изминатиот период СДСМ како одговорна политичка партија и ние како нејзини претставници, постојано укажауваме на почитување на мерките, но и помгаме на сите кои беа погодени од оваа пандемија, а некој се обидува и тоа да го оцрнува. Сметам дека гестот воопшто не беше несоодветен, туку сосема спротивно, тоа е она што треба сите да го правиме, да си помагаме едни со други и да сме свесни за колективното здравје. Во ваков сенизтивен период ако не можем да помогнеме, подобро да не одмагаме, рече Козаров

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2020 АПЛА.мк. Сите права се задржани