Советот да побара од Обвинителството да го испита случајот со Домот за стари лица, побара Илиевски

Јуни 11, 2020

Советот да донесе заклучок со кој ќе се поднесе барање до Основното јавно обвинителство и други надлежни институции за да се истражи случајот со реновирањето на Домот за стари лица „Сју Рајдер“ во Битола од времето на Валдимир Талески, побара на денешната седница координаторот на советниците од СДСМ и коалицијата, Методија Илиевски.

„Бидејќи мораме да ги санираме остатоците од претходната власт, предлагам во име на транспаретноста и расветлувањето на вистината до крај, да донесеме одреден заклучок за поднесување на барање до ОЈО и другите надлежни инстутуции за истражување на случајот со реновирање и реконструкција Домот за стари лица ‘Сју Рајдер’ павиљон 1 и 2. Ова барање е врз основа на договорот заверен во Министерството за локална самоуправа по број 10/117/3 од 19.12.2011 година поради постоење основи на соменвање за сторено кривично дело. Со ова сакам да се заокружат сите искажани шпекулации дека Општината нема да поднесе соодветни мерки за расветлувањере на овој случај“, рече Илиевски.

 

Советниците од опозицијата се побунија дека Советот нема надлежност да одлучува по овој случај, туку дека Општината ги има сите потребни ресурси да побара ревизија од ревизироски орган, а потоа да обвинува.

„Општината ги има сите ресурси и можности да се обрати до Државниот завод за ревизија, пртиватни ревизорски куќи и сите останати органи кои треба да истражат и проверат како администрацијата работела по додеден проект. Три години по стекнувањето на власта и добвербата на битолчани оваа локална самоуправа не презеде ништо на таа тема со надлежните органи, за сега по три години по добиена судска пресуда за обврска на Општината, да слушнеме како Советот треба да гласа некаков си закчуок по кој ќе се поднесува крвична пријава. Нити советот е надлежен да тоа така го одлучлува, нити воопшто има таква потреба. Ова е само перење на сопствениот срам за класичната алиби политика “, рече советникот Борче Димитровски од ВМРО-ДПМНЕ

Инаку, Општина Битола деновиве се соочи со ново финансиско оптоварување наследено од претходната локална власт. Треба неодложно да плати 300.000 евра за судски спор што бил покренат во 2016, во врска со реновирањето на Домот за стари лица „Сју Рајдер“ во Битола што заврши уште пред шест години. На денешната седница на Совет советниците носат одлука за да се издвојат од општинскиот буџет 20 милиони денари за да му се исплатат на приватниот инвеститор кој ја тужеше општината.

Во дискусијата на советниците се приклучи и Жаклина Наумовска од СДСМ која образложи дека судскиот спор е започна во април 2016 година, а крајната одлука донесена на 7.5. 2020 година од Апелационен суд.

„Постои сомнеж за организиран криминал, токму затоа Општината бара ревизија на Врховен суд зашто се убедени дека овде има организиран криминал , плаќани се фактури со ДДВ иако во договорот стои дека ДДВ не треба да биде влезено во сумата, плаќано е по пат на цесии без соодветна потебна и повратна докумнентација, плаќани се суми од 50 000 евра за кои нема никаскви фактури“, рече Наумовска.

Заклучокот предложен од Илиевски беше усвоен со 17 гласови „за“ од советниците од владеачката колалиција, а Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и Поинаку не учествуваа во гласањето.   

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани