2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Спасовски од Преспа: Привршува реализацијата на преминот Маркова Нога, а планиран е и нов премин кај Кавадарци

Јуни 17, 2020

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, министерот без ресор задолжен за дијаспора и претседател на работна група за поддршка на Преспанскиот регион, Едмонд Адеми, денеска учествуваа на серијата настани по повод двегодишнината од потпишувањето на Договорот во Преспа, организирани од Општина Ресен, во соработка со НВО Преспа Град, кои се одржаа во село Љубојна и во близина граничниот премин во изградба Маркова Нога, на границата со Грција.




„Историјата се пишува со храбри одлуки. Историјата се пишува со компромиси достоинствени и прифатливи за сите страни. Кога сите мислеа дека нема излез, беа преземени чекори што не извлекоа од минатото и безизлезот и ни ги вратија перспективите за нашите аспирации за членство во НАТО и ЕУ во нивната полна и сосема извесна реалност. Со договорот од Преспа од тотална изолација на меѓународната сцена, направивме пресвртница и ја вративме Северна Македонија на агендата за проширување на Европската Унија и добивме членство во НАТО“, рече Спасовски.


Тој додаде дека во март годинава ЕУ донесе позитивна одлука за започнување на преговори за членство, а пандемијата предизвикана од КОВИД-19 не ја спречува Европската Комисија да финализира преговарачката рамка, до крајот на 2020 година и формално да започнат преговорите за членство.

„Во нашиот пат за членство кон НАТО и ЕУ, Грција сега не само што не не блокира туку и сесрдно го помага нашето забрзано интегрирање. Тоа е впрочем и нивна обврска од договорот. Односите со Грција никогаш не биле подобри. Имаме значително подобрени билатерални односи и имаше тренд на зајакнување на економската соработка. Градиме пријателство и стратешко партнерство со нив, и тоа е добро за граѓаните на двете држави“, рече Спасовски.

Тој додаде дека привршува реализацијата на новиот граничен премин со Грција, Маркова Нога, во Преспа.

„Зголемени можности за локалното население, ќе донесе поголеми инвестиции во туризам, економија и развој. Реактивирана беше железничката линија преку Битола, а во план е и отворање на дополнителен граничен премин со Грција, во граничниот предел на Општина Кавадарци. Тоа е уште една можности за прекугранична соработка и развој на руралните средини од двете страни на границата“, рече Спасовски.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани