Webp.net gifmaker

АД ЕСМ продаде електрична енергија на слободниот пазар за 5.375.421 евра, објави Ковачевски

Јуни 20, 2020

АД Електрани на Северна Македонија, откако ги задоволи потребите на Универзалниот снабдувач за електрична енергија за тарифните потрошувачи, продолжи со производство и со продажба на електрична енергија на слободниот пазар. АД ЕСМ продаде вкупно 110.640 МWh енергија и притоа оствари приход од 4.890.875 евра.  Повеќе од половината од продадена електрична енергија е за третиот квартал, значи јули, август и септември, по просечна цена од 44.37 Eur/MWh, (цената на HUPEX берзата во тој момент беше 43.40 Eur/MWh). Останатиот дел од енергијата е продаден за јули по просечна цена од 43.55 Еуr/MWh, (цената на HUPEX во тој момент беше 42.13 Eur/MWh). Исто така, АД ЕСМ продаде и 11.040 МWh  електрична енергија за загубите на ЕВН Електродистрибуција за третиот квартал, по цена од 43.89 Еur/MWh (цената на HUPEX беше 43.84 Eur/MWh). Остварениот приход од оваа продажба е 484.545 евра.Наведените податоци покажуваат дека при продажбите се постигнати цени повисоки од берзанските и е остварен вкупен приход од 5.375.421 евро, Изјави Васко Ковачевски, генерален директор на ЕСМ. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2020 АПЛА.мк. Сите права се задржани