2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Откако го донесовте образованието во финансиски колапс доцна е за креативни идеи, одговори мнозинството на предлогот на опозицијата општината да купи таблети за сите ученици

Август 25, 2020

Треба да имате доблест и да им се извините на граѓаните за финансискиот колпас во битолското образвание. Училиштата имаа долгови од 4,4 милиони евра која ги плати оваа власт, му рече советниката Емилија Костурска на Ивванчо Тошевски од ВМРО-ДПМНЕ, која на денешната седница на Советото на Општина Битола, предложи со пари од Буџетот на Општина Битола да се набават електронски помагала за 11 илјади ученици во основните и средните битолски училишта

-Мислам дека ние како локална самоуправа можеме да обезбенедиме електронски помагала за учениците од основните и средните училиште. Зборувам за 7600 ученици од основните училишта и 3500 ученици од средните училишта. Едно електронско помагало не би чинело повеќе од 4000 денари, колку што е еден таблетт од реномиран производител. Потребни се околу 44,5 милиони денари за сите 11 илијади ученици Од каде овие средства? За потсетување, имавме предвидено 4 милиони денари  за рефундирање на средства кои што учениците ги потрошиле за превоз, имавме 4 милиони денари предвидено за субвенционирање на превозници, имаме 8 милиони денари предвидено за култура, има уште многу ставки во Буџетот на општина Битола средства кои би можеле да се искористат, рече Иванчо Тошевски, советник од ВМРО ДПМНЕ.

Костурска рече дека ВМРО-ДПМНЕ сега е најмалку повикана да дава креативни идеи.

-Не смее да се заборави она што му се случуваше на битолсксото образование во периодот од 2012 до 2017. Од вкупно 18 основни и средни училишта 10 беа со блокирани сметки. Во истиот период во Струмица, Куманово, Тетово, Прилеп, Штип, Скопје, немаше ниту едно блокирано училиште. Сите овие училишта должеа 4,4 милиони евра. Овие се факти добро познати и многупати кажани, но мислам дека треба да се повтроуваат за секој граѓанин низ бројки да знае што се случуваше во тој период. Денес посебно е убаво да зборуваме на оваа тема, затоа што велиме беше блокирано, нема побвеќе ЌЕ. Сите треба да сме горди, без оглед дали доаѓаме од опозиција или власт. Со тие 4,4 милиони евра што се одблокирани училишта можеа да се направат многу работи. Вие колеги од ВМРО-ДПМНЕ сте најмалку повикани да збороувата за образаование и сега од позиција на опозиција да бидете креативни и да давате идеи како да се справиме со пандемијата. Многу добро ќе се справевме доколку сите тие пари години наназад се враѓаа долговите, а не сега да сега да се покрива финскискиот колапс на училиштата. Треба да имате доблест и да го признаете тоа и да се извините пред граѓаните. Овој проблем беше наследен и градоначалничка Наташа Пеѕровска со успешно менаџирање го реши. Владата на општината и додели над 2,5 милиони евра,а дополнителни 1,8 милиони евра се издвоени од Буџетот на Оптпина Битола. Денес за првпат по 2011 година зборуваме за училишта а ниедно од нив да не е со блокирана сметка. Да потсетам дека колегите од ВМРО ДПМНЕ гласаа за завршните сметки, иако училиштата беа со блокирани сметки. Време е да не бидете лицемрни и денес да гласата за завршните сметки на сите основни и средни училишта, за извештаите на училиштата и годишните програми за работа, рече Костурска

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани