АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
„Заврши првата фаза на евалуација од целокупната постапка за доделување на високоефикасни инвертер клима уреди. Средствата обезбедени за реализација на овој јавен повик се воедно и една од најголемите инвестиции досега во насока на подобрување на квалитетот на живот. Без лажна загриженост, без приказни за Божји сили, ова е навистина сериозен исчекор во борбата против аерозагадувањето. Да не го забораваме фактот дека ова е првпат државата во рамките на планот за чист воздух да даде 2,5 милиони евра за кои се заслужни и АД ЕСМ кои ги обезбедија средствата, Владата на РСМ која овозможи механизам за трансфер на тие средства, па се до одлучноста на Општина Битола да ја спроведе целата постапка“, рече Татјана Крнчева, советник од СДСМ во Советот на Општина Битола.
„Како и во секој процес, особено крупен и комплексен како овој, се јавува доза на скепса и сомнеж кај дел од граѓаните. Би сакала да потсетам дека одлуките се носат исклучиво врз основа на претходно утврдени правила и услови застапени во правилникот за работа и Јавниот повик, кои патем беа едногласно прифатени на седница на Совет на Општина Битола. Како член на комисијата која одлучува, сакам да потенцирам уште еднаш дека се работи за ПРЕЛИМИНАРНА листа, а имињата кои се најдоа на истата се ПОТЕНЦИЈАЛНИ добитници и да потсетам дека следуваат уште две етапи од целокупната постапка кои вклучуваат и контрола! Времињата кога само определени критериуми беа одлучувачки во користењето на одредени државни поволности се зад нас! Нашата нова реалност не значи само адаптација на условите кои ни ги наложи оваа 2020-та година, туку и соочување со фактот дека сите сме еднакви пред органите и дека сите ние како граѓани конечно мораме да научиме што во пракса значи материјална, кривична и морална одговорност, како и последиците од прекршување на истите“,додаде Крнчева.