2win800x200

„Го вративме европскиот ракомет во Битола“, рече Петар Николовски од СДСМ

Октомври 27, 2020

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер денес во Данска ја започнува новата авантура во европскиот ракомет. За жал, во време на корона, тешко дека ќе имаме можност да го бодриме од трибините и кога ќе игра тука во Спортската сала Боро Чурлевски.Без разлика на околностите, сигурен сум дека битолчани ќе го бодрат својот клуб каде и да игра, кога и да игра, изјави на денешната прес конференција Претседател на СДММ Битола, Петар Николовски.

„А, до пред само една година, врвен европски ракомет битолчани гледаа само на телевизија. Локалната самоуправа предводена од СДСМ покажа дека со искрен и сериозен пристап кон спортот, Битола може да се радува и на Лига на шампиони.

 

Кога Советот на Општина Битола гласаше за платформата за ракометна Битола и враќање на ракометниот ентузијазам во Битола, опозицијата беше воздржана. Скептични беа можеби и дел од граѓаните на Битола, но денес сме сведоци дека Еурофарм Пелистер е успешна приказна која општината годинава ја поддржа со 15 милиони денари. По цели 14 години европскиот ракомет се врати во Битола, а локалната самоуправа предводена од СДСМ го овозможи тоа“, рече Николовски.

-Во Битола се врати и репрезентативниот ракомет. По речиси 15 години, битолчани можеа да ја гледаат македонската репрезентација во Битола. Општината, јавните претпријатија и неколку компании помагатели ја уредија Спортската сала Боро Чурлевски да биде домаќин на нашата најдобра ракометна селекција. Го вративме европскиот клубски ракомет во Битола. Го вративме репрезентативниот ракомет во Битола- додаде Николовски.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани