2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Пратеничката Костадиновска-Стојчевска го честита Денот на албанската азбука

Ноември 22, 2020

Пратеничката Бисера Костадиновска-Стојчевска на припадниците  на албанскиот народ им го честита празникот 22 Ноември, Денот на албанската азбука.

,,Чест и задоволство ми е што сум битолчанка заради безброј причини, меѓудругото и заради фактот што токму во Битола се одржал конгресот на кој албански интелектуалци ја унифицирале албанската азбука. Со тоа, овозможиле Албанците каде и да се, да пишуваат на ист идентичен начин, да ја заштитат и шират својата култура, традиција и посебност. Музејот на албанската азбука во Битола, денес ја чува одлуката за единствено, стандардизирано албанско писмо, како и копијата од првиот пишуван запис на албански јазик од средината на петнаесеттиот век. Наша должност, должност на државата е да ги почитува, чува и негува посебностите на јазикот и писмото на секоја нејзина заедница. На тоа нè повикуваат и европските вредности, како вредности што ги прифативме како наши на патот на интеграцијата во Европската Унија", рече пратеничката.

-И како што пред 112 години била унифицирана албанската азбука, денес е време кога ги обединуваме нашите напори за унифицирање на еден подобар, помирен, постабилен, попросперитетен живот за сите граѓани на Република Северна Македонија. Предуслов за тоа е взаемно почитување. Само така можеме да се надеваме дека нашата заедничка историја ќе ја зачуваме, нашата заедничка сегашност ќе ја потврдиме и нашата заедничка иднина ќе ја обезбедиме, додаде Костадиновска- Стојчевска. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани