Webp.net gifmaker

Валентин Груевски-носител на советничката листа на СДСМ и коалицијата за Битола

Септември 24, 2017

-Од името на сите вас сакам едно да и порачам на Наташа Петровска:-Сите овие луѓе не сакаат втори, трети или четврти кругови, сакаат победа на 15 октомври , а на 16ти да го почестите Талески со едно големо сиктер кафе, како симбол дека тој, неговите пајташи и политиките кои ги водеше никогаш повеќе не смеат да и се случат на Битола.

Ќе победиме затоа што нашата понуда е 100 пати поискрена од нивната, затоа што 1000 пати е почесна, а барем милион пати поквалитетна од она што другите го нудат. На нивниот арамилок, апашлук, на нивниот „Транспортер 1“ а сега и „Транспортер 2„, ќе се спротивставиме со чесни и искрени луѓе, чија главна особина е квалитетот , но и желбата да направат вистински нешта за градот во кој живеат заедно со нивните семејства, нивните најблиски, другарите и пријателите.

Актерот и неговата партија во заминување, направија ршум низ градот. И после се, сега нудат нова ера, нов почеток, нови утра. Тоа, пријатели, нема да им помине.Нивниот кандидат за градоначалник, 8 години беше директор на „Водовод“, а носителот на листата 10 години директор на Центарот за култура. Не може да има нов почеток со лица кои 13 години го подржуваат Талески, кои понизно климаат со главите зад него, и ниту еднаш не се спротивставиле на неговите политики.

Потрошија и 300 милиони евра само општински пари и 30 милијарди евра централен буџет, а Битола ја оставија на маргините. Тринаесет години создаваа нездрав амбиент, беа во секојдневна пропаганда, се закануваа, се богатеа, мислеа само за себе и за најблиските. Ние таква Битола не сакаме. Ние вака нема да работиме. Нашата работа ќе биде видлива, транспарентна и отчетна. Советот ќе биде подршка на новиот градоначалник, но и коректив на нејзината работа, на работата на општинската администрација.  

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани