2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Гоце Чакаровски, заменик министер за здравство најави нови вработувања во Битолската болница

Февруари 15, 2018

„Истовремено посетата ќе ја искористам за разговор со менаџерскиот тим, со стручниот колегиум и медицинските сестри за тоа како можеме да пристапиме кон подобрување на условите за работа со цел пацинетите да добиваат подобра и поадекватна услога. Свесни сме сите дека во последните години имавме езгодус на доктори и медицински сестри во Битола. Како министерство имаме намера да го вратиме сјајот на болницата, да вработиме доста доктори и медицински персонал, па граѓаните да не одат по здравствени услуги надвор од градот.

 

Во Скопските клиники немаше вработувања на сестри и доктори. Во овој период успеавме неопходните кадри да ги вработиме со договор на дело. Има проблеми со постоечките статути и систематизации, ги работиме преку Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување, Министерството за информатичко општество, на крај одлуката ја дава Министерството за финансии во рамките на буџетот што го имаме. Министерството за здравство годинава има за една милијарда денари поголем буџет, но со овие пари во 2018 и 2019 година треба да враќаме долгови, кои беа направени во минатото“, рече Чакаровски 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани