2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

ОБЕЗБЕДЕНИ СЕ 80 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА РЕВИТАЛИЗАЦИЈА НА ПРЕСПАНСКОТО ЕЗЕРО И 30 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ЦЕНТАРОТ ВО ЉУБОЈНО, РЕЧЕ ЗАЕВ

Декември 20, 2020

 

Обезбедивме првични 80 милиони денари за ревитализација на Преспанско Езеро, изјави премиерот Зоран Заев при обиколката на Преспанското Езеро со цел прецизирање на спроведувањето на препораките и акцискиот план предложен од експертите за одржливо управување на Езерото.

Тој рече препораките од студијата и акцискиот план ќе се организираат во три фази.Првата фаза која опфаќа анализи, студии, препораки, средби на засегнатите страни, во голем дел е веќе спроведена. За следните две фази клучна ќе е иницијативата и кај соседите, па во таа насока ќе побараат трите земји да му дадат нова динамика и на проектот за комплетна заштита на Преспанското Езеро поддржан од Европската Унија.

„Во делот на краткорочните мерки, Владата ја подготви одлуката за определување на финансиски средства за општина Ресен во висина од 80 милиони денари кои ќе бидат наменети за чистење на површините на езерото каде што е водата повлечена, посебно во делот кај некои од плажите. Чистењето на овие површини од тињата и од остатоците од дрва и друг материјал ќе се изврши со посебни бродови опремени за таа намена кои нема да наштетат на биодиверзитетот, а ќе го овозможат понирањето на водата и сигурен и стабилен воден режим посебно во летниот период“, рече Заев.

 

Во втората фаза предвидени се мерки за напредок на активностите за изградба на современи прочистувачи на сите отпадни води кои се влеваат во Преспанското Езеро.

Езерото веќе подолго време е со екстремно намален водостој како последица на климатските промени, црпењето на вода и истекувањето во Охридското Езеро, дополнителен проблем е и загадувањето. Состојбата е алармантна, а загрозен е и живиот свет во водите.

Заев при посетата на Преспа изјави дека обезбедени се и 30 милиони денари за Центарот за грижа и промоција на македонскиот јазик во старото училиште „Димитар Валхов“во Љубојно. Таму беше отворено второто училиште на мајчин, македонски јазик во земјава на 15 ноември 1944 година. Исто така, за иницијативата за основање на Преспа форум за дијалог од буџетот на државата се издвоени 100 милиони денари. 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани