2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Тошевски три години вергла исти тврдења, кои никако да фатат корен, возврати СДСМ

Декември 25, 2020

Немоќ да се засенат реализираните проекти или желба за медиумско внимание се крие зад прес конференцијата на советникот од ВМРО – ДПМНЕ, Иванчо Тошевски посветена на Програмите за работа на Општина Битола во следната 2021 година? После седница од седум часа, на прес конференција да се повторат истите тврдења кои се “верглаат” три години и никако да фатат корен, доволно зборува за состојбата во која се наоѓа опозициската партија, реагираа од СДСМ по пресот на кој Тошевски обвини дека програмите на Општина Битола за 2021 година се предимензионирани и нереални. 

-Згора на се, “експертизата” за обемот на проектите кои треба да се реализираат во Битола следната година, доаѓа од советник кој до вчера беше лидер на партискиот огранок на опозицијата во градов и кој не може да се пофали со некаков резултат од изборните соочувања во Битола. Откако го одигра своето финале “дома”, нека го следи финалето на овој мандат на локалната власт “од трибина” и нека ја преслуша во слободно време денешната седница уште неколкупати. Изобилуваше со податоци за сработеното на локалната власт предводена од СДСМ изминатите три години- реагираат од СДСМ Битола. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани