2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Сите битолчани кои скенираа сметки, добиваат дел од ДДВ-то што го платиле, рече Елеонора Илиевска од СДСМ

Февруари 09, 2021

Започна исплатата на парите од повратот на ДДВ за сметките скенирани во последните три месеци од минатата година. Над 6 милиони евра се враќаат кај граѓаните. Сите битолчани кои скенираат сметки,добиваат дел од ДДВ-то што го платиле, со што се зголемува буџетот на секое семејство и продолжува битката со сивата економија. По овој основ, лани граѓаните добиле назад над 16 милиони евра.Повратот на дел од ДДВ-то е наше исполнето ветување кон граѓаните, изјави Елеонора Илиевска, советник во Општина Битола од редовите на СДСМ Битола.

 

Таа рече дека еднакво значајни се и економските мерки кои Владата предводена од СДСМ ги креира изминатава година, со цел надминување на последиците од корона кризата. Над 1,2 милијарди евра изнесува поддршката од државниот буџет што Владата предводена од СДСМ ја насочи кон граѓаните и стопанството за да се обезбеди одржливост на економијата, за да се спасат работни места и човечки судбини.

„Во рамките на четирите пакети за помош, стотици битололчани добија финансиска поддршка за да ги надминат предизвиците што ги предизвика кризата. Битолски спортски клубови искористија ваучери, битолски фирми добија поддршка за исплата на плати, наши сограѓани занаетчии, уметници, средношколци, студенти, пензионери, активни баратели на работа, невработени, естрадни уметници.... добија платежни картички. Сите субјекти погодени од кризата кои ги исполнуваа критериумите, добија поддршка. И ќе добијат пак. Тие и други целни групи за кои ќе се утврди потреба од интервенција. Во подготовка е петтиот сет мерки за поддршка на стопанството, со што СДСМ уште еднаш потврдува дека е тука за граѓаните на Битола, на Северна Македонија“, рече Илиевска.

Таа додаде дека освен Владата, и Општина Битола презеде чекори за помош на можеби најпогодениот сектор – угостителството. Советот на Општина Битола донесе измени на Одлуката за утврдување на комуналните такси со што деловните субјекти беа целосно ослободени од плаќање на комунални такси за поставување на урбана опрема пред деловните простории за времетраењето на вонредната состојба. Потоа, до 15 ноември износот на комуналната такса беше намален од 15 на 5 денари за метар квадратен, а мерката со одлука на Советот на Општина Битола ќе важи до 15 април годинава.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани