2win800x200

ВМРО-ДПМНЕ обвини за партиски вработувања во Битола, а од СДСМ им го повикаа локалниот лидер да се ажурира кај нив или да си земе исписница

Февруари 11, 2021

ВМРО-ДПМНЕ денес обвини дека партијата на власт спроведува партиски вработувања во јавните претпријатија и во Општина Битола, а дека битката во СДСМ за кандадат за градоначалник ја плаќаат граѓаните од џеб. Од СДСМ демантрираа и го повикаа претседателот на ОК на ВМРО – ДПМНЕ во Битола, да си го ажурира членството кај нив или да си земе исписница.

 

Координаторот на советниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Иванчо Тошевски, на прес конференција обвини дека како резултат на неспоспособната на власта на СДСМ во справувањето со последиците од ковид- кризата околу 2000 битолчани ги загубија своите работни места.

„Власта е безидејна и постојано размислува како да ги згрижи само своите најблиски роднини, пријатели и сопартијци, а нашиот предлог за формирање на ковид фонд во Општина Битола во висина 50 милиони денари, сретства кои ќе служеа за директна поддршка на најпогодените категории на граѓани од кризата, власта експресно го отфрли“, рече Тошевски.

Наспроти тоа, тој обвини дека во периодот 2018-2020 година само во локалните ЈП и во Општина Битола реализирани се околу 220 нови вработувања, бројка која е многу поголема споредено со периодот 2005-2017 година или на годишно ниво само по основ на плати и придонеси овие нови врабтувања ги чинат граѓаните околу 100 милиони денари.

„Во сите овие вработувања се наоѓаат имињата на членовите на потесните семејства на локалните функционери. И додека сето ова се случува во Битола, министерот за локална самоуправа, Горан Милевски, сега откако функционерите и од неговата партија си ги згрижија своите најблиски, лицемерно зборува за ограничување на бројот на вработувања по локалните ЈП, а согласно плановите за вработување за 2021 година, власта и во оваа последна година од нивното владеење ќе го одржи овој тренд со околу нови 120 вработувања. Фокус на власта да не биде внатрепартиската битка за кандидат за градоначалник финансирана од џебот на граѓаните„, рече Тошевски.

Од СДСМ возвратија: „Го потсетуваме претседателот на ОК на ВМРО – ДПМНЕ во Битола, дека остануваат уште две недели до крајот на постапката за ажурирање на членството во Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Или нека се ажурира или нека дојде да си земе исписница.“

Според нив, денешната изјава на координаторот на советничката група на ВМРО – ДПМНЕ во Советот на Општина Битола е класичен обид да се направи рефлексија на случувањата од огранокот на опозициската партија во битолската општинска организација на владеачката СДСМ. За жал или за среќа, и советникот и највисокото раководство на ДПМНЕ во Битола, знаат дека реалноста е сосема поинаква.

„Соочени со внатрепартиски превирања кои не запреа со назначувањето на новото раководство на партијата во Битола, ДПМНЕ јалово се обидува да прикаже некаква си конфликтна состојба во редовите на нивниот политички ривал. Попаметно би им било да ги консолидираат сопствените редови во пресрет на вонредниот партиски конгрес закажан за крајот на март. Од она што го знае јавноста, вонредно ќе се бара принуден управник на ВМРО – ДПМНЕ. А, и замена за белата палата, како и простор во кој би се сместил битолскиот огранок на партијата. Се што изградија и приграбија од народни пари, дојде за наплата. Веројатно во таа насока беше и денешната инкогнито посета на партиски шеф на Битола, на состанок со дел од партиското раководство во една битолска кафеана. Тоа е вистинската слика за ВМРО – ДПМНЕ во моментов“, пишува во реакцијата на СДСМ Битола.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани