„Да позборуваме за вашето ништо“-Петровска час и пол низ бројки даде отчет за сработеното

Март 15, 2021

Да позборуваме за вашето ништо, вака градоначалничката Наташа Петровска возврати на денешните обвинувања од опозицијата за време на советничките прашања, а потоа скоро час и половина со бројки и документи зборуваше за сработеното. За време на дискусијата која се одвиваше онлајн, дел од советниците од опозицијата коментираа дека била глува или прашуваа дали е свесна за тоа што ѝ се случува на Битола, а други иако ја бараа со месеци да присуствува на Советот, денес не сакаа да ѝ постават прашање.

Опозицијата прашуваше дали е свесна и глува

„Во просек 2018, 2019, 2020 година вкупно реалзирани 417 милиони денари капитални расходи, а 2015, 2016 и 2017 година вкупно реализирани 644 милиони денари. Дали сте свесни дека вакво зло на Битола досега ѝ се нема случено? Дали сте свесни дека ако сите овие средства од нереализирани капитални расходи беа преточени во проекти , Битола денес немаше да има повеќе од 2000 невработени, односно нови невработени откако се наоѓаме во здравсвена криза? Дали сте свесни дека Битола во моментот е рекордер по негативен прираст? Дали сте свесни дека сумата   8 милиони евра, неискористени пари на граѓаните со кои располага Општина Битола, и тоа како придонесува за овие 2000 нови невработени и за ова што и се случува на Битола во целиот изминат период? Дали сте свесни дека вакво зло на Битола не и се случило од времето на матната транзиција, приватизација  и пропаѓањето на пирамидалните штедилници“,  праша Иванчо Тошевски, координатор на советниците од ВМРО-ДПМНЕ.

Анита Ангелевска, советник од истата партија праша каде е мултифункционалниот спортски комплекс кој го ветуваше Петровска и побара да каже зошто сите овие 3,5 години е комплетно„глува“ за се она што допира прашања од родова еднаквост, а е жена.

Габриела Илиевска од Поинаку на седница се вклучи од автомобил и рече дека немаат намера да ја прашат ништо Петровска, ниту сакаат да слушнат што има да каже, „бидејќи на 6 месеци пред избори не можи да ни објасни зошто 3,5 години ништо не сработи во градот, зошто беше толку арогантна и не соработуваше со советниците во Советот на Општина Битола и не сакаме да слушаме денес овде на лаптоп како ќе ни се фали дека нешто сработиле, а и самите знаеме дека градот пропаѓа“.

Ме нарекуваа секако, но ќе го истраам цел простотилак, рече Петровска

На ова Петровска рече дека ќе одговора со аргументи држејќи се до своите принципи кои ги има и како опозиционер и како позиционер, независно за целата политичка некултура, манипулации, лаги за кои рече дека ги изнагледала и изнаслушала во изминатиот период..

„Јас која ја нарекуваа фараонката, билјарката, тикварка, Трајанка ќе го истраам сиот простотилак, но нема да дозволам да си поигруваат со битолчани. Ќе зборувам за нивното ништо, но со факти. Сакам да ги соголам лагите и манипулациите на кои се дрзнуваат оние кои се товарени со обвинителни акти, пресуди и лоши однесувања во минатото“, рече Петровска, додавајќи дека направила детална анализа на периодот од 3 години и четири месеци додека таа е градоначалник и 12 години на ВМРО-ДПМНЕ.

Буџетот е стабилен, работиме домаќински, а не на вересија

-До овој момент оваа локална самоуправа има исплатено над 503 милиони денари за реконструкции, изградби, канализации, водоводи, коловози и други објекти. Кон ова се додава сумата од над 29 милиони денари кои ги исплатив јас како градоначалничка при реализација на буџет на претходно изведувани работи но не исплатени, по договори кои ги затекнав. Средствата во буџетот се реални, дефинирани, постоечки, спечалени, обезбедени. Ги плаќаме како што доспеваат и не ни се случува да плаќаме повисоки камати од главнина што беше пракса во минатото. Не работиме на вересија, туку домаќински“ рече Петровска.

Наведе голем број на реализирани инфраструктури проекти, улиците Бранко Радичевиќ, 13 јули, Леринска, Широка, 8 септември, Климент Охридски, Крушевска република во делот до каде можат да работат зашто во другиот дел се соочуваат со промашени состојби останати од порано, како преместување на трафостаница, улици до Долно Оризари, инфраструктурата на патот за Лавци, во касарната...

Нека ги мерат и метрите кал што им ги покривме

„Илинденска се реконструира, но да не заборавиме дека е долга 2,1 километар и кога ќе прават друг пат споредба меѓу годините да ги гледаат и метрите, површината на кал што ја покривме, а тие ја оставија“ возврати Петровска. Додаде дека веќе се склучени договори за инфраструктурни зафати од 106 милиони денари за улиците Рузвелтова, Прогрес, Буково, Димитар Влахов месната заедница, Трново-Мгарево, потпорниот ѕид на река Драгор, кај Девеани, Смилевски конгрес, Хецегоцина, патот кај Сива вода.

„Велат сега пред избори. Не случајно, дел од договорите ги објавував  како што ги потпишував месеци претходно за јавноста да знае дека не е нешто што се случува пред избори. Имавме референдум, претседателски избори, парламентарни, дали тоа зачеше дека четири години не требаше ништо да градиме? Мојот мандат е четири години и немојте да ми ја одземата последната година, на тоа имам право“, рече Петровска.

Место спортската ќе ги грееја верверичките во паркот

На прашањето каде е спортскиот комплекс што го вети, одговори дека општината го плажа стадионот кој го почна претходната власт, а не даде ни денар за тоа. За северната трибина договорот кој беше склучен над 335 милиони денари и имаше само 3 проценти реализација, а и нив ги плати локалната власт предводена од СДСМ. „Само добри политики може да искрепат на сопствен буџет национален објект како стадионот“, додаде Петровска. .

„ Кога доаѓав како градоначалник проектот Бенефит претходната локална самоуправа го имаше планирано за греење на Офицерскиот дом, со таква дограма со искршени прозорции тие ќе го грееа. Откако сфатија дека е глупост дека не одат така работите, сменаа за греење во спортската сала. Истата онаа во кој дограмата нема енергетска неефинаскост, кровот во оачјна ситуација. Апликацијата ја променив и сега се менува дограмата, е склучен договор за целосна санација на покртивот. Верувам дека станува збор за успешна политика зашто ако одевме по нивните политики ќе ги греевме верверичките во паркот“, рече Петровска.

Кугланата наскоро ќе се отвори, а документацијата за метото каде сега се наоѓа боксерската сала и изработена, спремна за изградба. Тука се надоврзуваат и спортските терени на улилиштата, при што Петровска праша дали и детскиот џагор е ништо.

„ Во спортските клубови се вложени и 120 милиони денари, а вкупно во спорт и инфератсруктура над 7 милиони евра“.

Цвеќињата не беа тргнати во една ноќ

За критиките на „Поинаку“ дека цвеќињата што ги поставиле пред Саат кулата власта ги тргнала во една вечер одговори: „Оние кои нема да поставуваат прашања и нема што да слушнат, ова нека го слушнат- гостуваат во емисија и пред цела Македонија кажуваат дека локалната самоуправа не се однесува конструктивно и кога поставувале цвеќиња за празникот на градот преку ноќ ги тргнавме. Цвеќињата останаа со новогодишното украсување. Некако многу долго траело тоа една ноќ за советник кој сака да води сериозни политики“.

Во однос на прашањето на Ангелевска за родовата еднаквост Петровска одговори: „Кога една советничка упати прашање до советник дали има поврзаност со насилство врз женско лице во одреден случај, никогаш останатите советници и светнички не побаравте да го добиеме одговорот на тоа поставено прашање. Далеку повеќе што не го побара нити претседателот на Комисијата за еднакви можности кој е можеби најповикан.“

Побара извинување за обвинувањата дека адвокатот го плаќала со општински пари

На крај побара да се извинат оние кои јавно ја обвиниле дека адвокатот за лични тужби го плаќа со средства на општината

„ Сведоци бевме на еден куп извинувања, но за жал во моментов ќе барам нови извинувања затоа во оваа прилика на оние кои поинаку се изнеуваат да се извинат дека со општински пари го плаќам адвокатот за лични тужби бидејќи ја имам потребната документација дека тоа не е така, да се извинат оти ќе добијат пријава за клевета’, рече Петровска.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2020 АПЛА.мк. Сите права се задржани