2win800x200

„Амбасадорот“ е средношколец, а не партиски член, СДСМ е во панка и користи лични навреди, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ

Мај 10, 2021

„СДС е обзема од паника, па политичката комуникација ja премина во лични навреди“, стои во реакцијата на ОК на ВМРО-ДПМНЕ по синоќешното соопштение на СДСМ Битола.

„Во вашата безидејност, нивото на политичка комуникација во градот на конзулите го спуштивте толку ниско што не доликува ниту на африканските земји и наместо да им се извините на битолчани што 4 години ги лажете, крадете и замајувате, вашата политичка комуникација премина во лични навреди. Паниката која ве има зафатено е разбирлива бидејќи наидовте на локален лидер кој ги лоцира и маргинализираше сите ваши хушкачи, кои се обидуваа да прават раздор, а ВМРО ДПМНЕ е единствено и силнo како никогаш досега и тоа е вашиот најголем страв“, стои во реакцијата.

Во врска со "амбасадорот" од ВМРО-ДПМНЕ велат дека СДСМ се неинформирани. Тоа не e локалниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ туку средношколец кој нема врска со партијата.

„Тоа е одраз дека имате нарушени односи и нефункционални партиски тела, барем вашиот подмладок можел да се потруди и да ви кажи дека се работи за сосема друго лице кое е средношколец. Тоа дете кое не се плаши да се бори за вистината и неговата иднина го поздравуваме, но нема врска со ВМРО-ДПМНЕ“, пишува во редакцијата. 

-Додека претседателот на ОК ВМРО ДПМНЕ - Битола кој вие го споменувате е лицето кое го потценивте и мислевте дека ќе замижи на вашите гадости, лаги и вашите слаби политики во насока рушење на Битола и се што е битолски симбол. Тој е вашата слаба точка, бидејќи ве проѕре и не ви прогледа низ прсти, а ударот што допрва следи ќе значи крај на криминалот и удобноста на СДС- , пишува во соопштението.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани