2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Бојкотот на наставата е на штета на учениците кои губат од наставниот процес, рече Наумовска

Мај 10, 2021

„Зад повиците за бојкот, зад манипулациите и лажните вести за дигитализацијата стои ВМРО-ДПМНЕ. Тие на штета на учениците и образовниот систем повикуваат на бојкот на наставата, шират лажни вести и измислици околу некакви провизии и тендери. Апелираме до учениците и нивните родители, да не дозволат да бидат манипулирани и злоупотребени за партиски цели на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Бојкотот на наставата е на штета на учениците кои губат од воспитно образовниот процес“, изјави Елизабета Наумовска, претседател на Комисијата за образование на СДСМ.

„Се` што ВМРО-ДПМНЕ прави е на штета на граѓаните, на штета на образованието во нашата држава. Образованието кое ВМРО-ДПМНЕ го остави по нивното 11 годишно урнисување денеска се реформира, се осовременува по европски стандарди. Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со реформите кои обезбедуваат модерен, ефикасен образовен систем. Затоа по секоја цена шири лажни вести, опструира и злоупотребува ученици и родители. Поради таквото деструктивно однесување оваа партија шест пати губи на избори и ќе им следи нов пораз на локалните избори и овде во Битола и низ целата држава“, рече Наумовска.  

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани