Филипче-Голем опфат на вакцинирани во Битола и Охрид

Јули 27, 2021

Процентот на заболени лица кои се ревакцинирани е навистина многу мал, околу 0,02 проценти. Од вкупно 330 илјади ревакцинирани, 92 пациенти се заболени од Ковид-19. Ова е уште еден доказ за тоа колку е корисна вакцината, изјави денеска министерот за здравство, Венко Филипче. Тој испрати апел сите граѓани да знаат и да се свесни дека вакцинирањето е единствен начин да се смени сликата за пандемијата.

Министерот денеска посочи дека прилично добро се одвива целокупниот процес на вакцинација. Денеска се очекува да се надмине бројката од 500 илјади вакцинирани лица, со најмалку една доза, а над 330 илјади се веќе ревакцинирани.

 
Во источниот дел на државата, Филипче рече дека постои мал опфат на вакцинација, а прилично е висок во Охрид и во Битола. Како што рече, околу 60 проценти од вкупното население во државата над 65 години, е веќе вакцинирано. Вакцинирани се околу 630 деца под 18 години од кога почна повикот за вакцинација.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани