2win800x200

„Северен пол“- уште една филмска тема за животот на младите, интимноста и созревањето

Септември 19, 2021

„Јас сум битолчанка и израсната сум со овој фестивал, кога уште како многу малечка доаѓав на проекциите и тогаш не ги разбирав филмовите кои се прикажуваа на „Браќа Манаки“, но тоа беше големо доживување за мене кое продолжи и во средношколските денови кога испуштав часови во училиште за да гледам проекции. Мојата генерација порасна со овој фестивал, јас сум емотивно врзана за него и вчера имав малку трема, но се чувствував како дома“, рече режисерката Марија Апчевска, чиј краткометражен филм „Северен пол“ вчера премиерано беше прикажан на Фестивалот во Битола.

Со „Северен пол“ на Фестивалот „Браќа Манаки“ се остави простор да се прикаже уште еден младешки проблем, покрај темите и дилемите што ги отвори „Сестри“ на Дина Дума. Со ова оваа манифестација за разлика од порано, годинава остави повеќе простор за да се наметнат младите македонски филмаџии, а и преку филмот јасно да се проговори за проблемите на младите.

Во „Северен пол“ прикажан е притисокот врз младите девојчиња од средината што побрзо да ја загубат невиноста, зашто во спротивно се исменавни од опкружувањето. Тоа е филм за созревањето во период кога уште детското постои во нив.

„Темите што ме интересираат се недостаток на комуникација на младите кој е поврзан со темата на идентитет, кои сме и каде сакаме да бидеме, а кои се наметнати норми. Би сакала да создавам филмови кои создаваат прашања кога ќе заврши филмот и ја оставаат публиката си некое чувство на недореченост. Верувам дека филмот како уметност е дијалог меѓу публиката и авторите“, рече режисерката Марија Апчевска.

Ова беше првиот краткометражен македонски филм што влезе во официјална конуренција за Златрна палма на Канскиот фестивал. Од 4000 филмови, велезе меѓу десетте што се бореа за оваа престижна награда.

„Успесите на македонските филмови во последно време кажуваат дека можеме и дека не треба да се занимаваме со љубомора и да ги омаловажуваме успсите. Македонската јавност не му придаде голема важност на овој наш успех, за жал. Како нас успеси да ни се случуваат секојдневно, па ова неше учество во Кан како да се случува секоја година. И она што се случува во културата нема одек како што заслужува. Повеќе се третираат спортските успеси отколку оние во културата, а сме прилично свесни дека постигнувањето во областа на културата, а посебно во филмот најдобро ја презентираат нашата држава“, рече продуцентот Роберт Насков.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани